Српската пејачка Дара Бубамара и нејзиното ново момче се запознале преку познатата српска водителка која претходно била во врска со 23 годишниот бизнисмен по име Тони.
Станува збор за многу богато момче кое е помладо и од двете, а со сегашната девојка го запознала водителката Душица Јаковлевиќ во еден ресторан во Нови Сад.
Иако српските медиуми пишуваа и дека Дара и го украла момчето на Душица, тоа не е вистина, открил извор близок до парот говорејќи дека Тони прво раскинал со водителката, па започнал да се гледа со пејачката.
Душица нема ништо против парот, дури им посакува се најдобро, додава изворот.
View this post on Instagram
Caption this ? Haljina @sacreevictoire Kosa @zvakica88 Sminka @tamarasuslov ❤️
-Мене ми е убаво кога луѓето се наоѓаат и се среќни. Јас никогаш немам поразличен став за некој со кој сум била откако ќе прекинам со него. Мене Дара ми е супер и тој е супер момче, вели Душица за српскиот портал „Скандал“.