недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дара ќе се оперира на компензација: Докторот на најпознатите старлети ќе ја разубавува пејачката

Дара ќе се оперира на компензација: Докторот на најпознатите старлети ќе ја разубавува пејачката

Познатата пејачка Дара Бубамара неодамна призна дека го оперирала носот, а сега повторно заминала во Турција на корекција кај хирург што го рекламираат многу балкански старлети.

Дара Бубамара се договорила со докторот да го рекламира, а за возврат тој ќе и изврши неколку интервенции како компензација.

-Дара често летува во Турција, а сега, по гужвата што ја имаше со настапите, одвои време да оди во Истанбул. Таму го посетила докторот кој ги оперирал старлетите Ана Корач, Тамара Ѓуриќ, Тијана Ајфон и други, а кој важи за еден од најдобрите кога се во прашање операциите на носот. Го коригирала носот, а Дара прашала и каква е процедурата за липосукција, со оглед на тоа што се здебелила и ја запоставила теретаната во последно време. Загриженоста е дека ќе изгледа како старлета, но важно и е да биде задоволна, вели упатена соговорничка и открива дека Бубамара на пријателите им рекла дека полесно и е да се оперира отколку да ја обликува линијата во теретана.

„Дара нема проблем да каже дека отишла на естетска операција. Липосукцијата е одлична работа за луѓето кои сакаат брзо да се ослободат од вишокот килограми, а бидејќи сега работи многу и нема време за теретана, таа е подготвена да оди под нож и да паузира неколку недели додека не закрепне. Знае дека вака ќе има трајни резултати и не прашува за цена. Таа веќе договорила се со тој хирург, само треба да го извести кога и е најзгодно да дојде во Турција“.

Инаку, Дара веќе го оперирала носот, а кога отокот се спуштил сфатила дека сепак сака тој да биде уште помал.

-Дара сака повторно да се оперира бидејќи не е задоволна како испаднала претходната операција. Нејзе и се допаѓа горниот дел од носот, но сака врвот да биде испрчен, па можно е интервенцијата да ја направи без тотална анестезија, вели истиот извор.

Најнови вести