среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Дарко Лазиќ бесен на поранешната сопруга Ана: Полуде поради оваа нејзина постапка!

Дарко Лазиќ бесен на поранешната сопруга Ана: Полуде поради оваа нејзина постапка!

Пејачот Дарко Лазиќ ја обвинува својата поранешна сопруга, пејачката Ана Севиќ, што не ја видел ќерка си Лорена веќе два месеци.

Ана вели дека Дарко е виновен за лошата врска со својата ќерка затоа што тој е неодговорен.

-За што зборува? Па, јас не ја однесов ќерка ми на море два месеци, разбесна Лазиќ.

Пејачот вели дека едвај чекал да ја види ќерка си.

-Не сум ја видел за два месеци. Јас не би зборувал многу за тоа, затоа што на крајот, излегува дека јас сум лошиот. Но, мислам дека луѓето одлично гледаат каде е проблемот навистина, вели пејачот.

Дарко исто така посочува дека и дал дозвола на Ана да ја однесе ќерката во Црна Гора на одмор, но, таа не го почитувала договорот.

-Да, но таа не го почитуваше договорот. Требаше помалку време да остане, а не два месеци. Јас нема да направам сцени за тоа. Верувам дека сè ќе дојде на свое на крајот. Сега сè ми е  тазе, и разводот и гневот, сеедно. За две, три години, Ана, нејзиното момче, Марина и јас ќе седнеме и заедно ќе пиеме кафе. Нормална е тензијата, тврдоглавоста и суетата да бидат присутни на почетокот , истакнува Дарко, а на прашањето дали проверува како момчето на Ана, Даниел, се однесува кон Лорена, одговара:

-Најдобро е тој да биде добар. Засега е така, мислам дека сè е супер. Се додека тој е љубезен со моето дете, јас ќе бидам и со него, завршува Лазиќ.

Најнови вести