Драстичната физичка промена на Дарко Лазиќ како последица на операцијата за стеснување на желудникот кој ја направи тој минатата година овие денови е топ тема во медиумите.
Имено како што вели самиот Дарко на народот не може да му се угоди, зборуваа кога беше дебел, зборуваат кога е слаб.
View this post on Instagram
-Ослабев 88 килограми. Сакам да ослабам уште десет. Сега ми коментираат дека сум анорексичен, не им се допаѓав ниту кога ми велеа дека сум дебело прасе. Најверојатно ќе им се допадне кога ќе престанам да дишам, вели Дарко во емисијата „Шок-Ток“.
Тој додава дека не се чувствувал никогаш посреќно.
View this post on Instagram
Освен лековите за притисок веќе не пие никакви апчиња за операцијата по која го стесни желудникот и пејачот додава дека е полн со енергија и мотив за живот.
-Сега јадам најмалку во семејството, дури и синот Алексеј јаде повеќе од мене. Пример тој јаде едно варено јајце, а јас пола, вели пејачот.
View this post on Instagram