Пејачот Дарко Лазиќ денеска не се појави во Основниот суд каде е одржано и третото рочиште по тужбата на Марина Гагиќ за старателството и алиментацијата на нивниот заеднички син.
Тие на претходното рочиште успеаја да се договорат околу висината на алиментацијата која треба пејачот да ја плаќа секој месец за својот син Алексеј.
На судењето како и претходните два пати, пејачот не се појави, а не се појави и на закажаниот разговор во Центарот за социјална работа.
Таа за српските медиуми раскажува дека Дарко понудил алиментација во висина од 25 илјади динари, а откако не се сложила, понудил 30 илјади динари, а откако и околу таа сума не се сложила неговата поранешна свршеница, денес наместо конечно да се договорат околу сумата тој не се појавил пред судот.
Таа бара Дарко да го гледа детето два пати неделно и алиментација од 50 илјади динари или 25 илјади македонски денари.