Познатиот пејач Дарко Лазиќ за прв пат се појави во медиумите по тешката сообраќајна несреќа која ја преживеа во октомври минатата година.
На гости во „Амиџи шоу“ тој откри како ќе се вика неговиот син која го очекува со својата свршеница Марина Гагиќ.
-Имаме неколку имиња во опција. Јас сакам да се вика Алексеј, тоа е навистина убаво име се сложивме двајцата. Прво сакавме да се вика Страхиња, но на крајот се одлучивме да биде Алексеј, убаво и звучно име. Алексеј Лазиќ, вели пејачот во емисијата на водителот Огнен Амиџиќ.
Инаку Алексеј е руско име и претставува заштитник.