Дарко Лазиќ пред да доживее тешка сообраќајна несреќа на 23 октомври годинава, тој планирал да ја запроси својата девојка Марина Гагиќ.
Тој сакал тоа да го направи на новогодишната ноќ, но поради околностите во кои се наоѓа тој ден отпаѓа од неговиот план.
Лазиќ во моментов лекувањето го продолжува во бања во Младеновац и тој е сместен во најскапиот апартман, а неговата мајка и девојка секојдневно покрај него.
Но, со оглед на тоа дека неговата девојка е бремена, а пејачот се уште не е официјално разведен од поранешната сопруга Ана Севиќ, Дарко не планира венчавка, но решил нивната љубов да ја круниса со прстен.
-Во договор со својот другар, тој реши свршувачката да се случи за Божиќ и Дарко во име на него побарал неговиот другар да одбере прстен, вели извор за српски Телеграф.
Дарко во бања инаку ќе помине 21 ден, а неговото семејство се надева дека пејачот за празниците ќе се врати во домот.