Децата на Аца Лукас, Луис и Џоле Џогани и Слаѓана Делибашиќ, се доказ дека и покрај славните родители, талентот и желбата за слава, не сите успеваат да се пробијат на естрадата. Некои од нив пробаа и се откажаа, други и понатаму пеат, но немаат ниту еден хит.
Прва на листата е Маја Новаковиќ, ќерката на легендарниот Луис. Таа проба да се прослави преку музичкото шоу „Фактор Х“, но не постигна значаен успех. По ова, не продолжи со музика.
Во истото шоу се натпреваруваше и Маринела Џогани, ќерка на Слаѓана Делибашиќ и Џоле Џогани од некогашното дуо „Џогани“. И таа немаше успешни настапи што ќе ги запамети публиката, па по завршувањето на шоуто реши вече да не се занимава со музика.
Трет на листата е синот на Аца Лукас, Андреј, кој проба да стане познат со неколку песни. Иако имаше многу гостувања на телевизиите во Србија, и медиумите пишуваа за него, тој не ја освои публиката, а неговите песни доживеаја неуспех. По неколку снимени песни, Андреј се повлече и веќе не пробува да стане пејач.
Извор: Репортер.мк