четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дејан Миличевиќ “распали“ по Бијонсе: Здебелена е, со одвратна коса…

Дејан Миличевиќ “распали“ по Бијонсе: Здебелена е, со одвратна коса…

Во Лос Анџелес, на 14-ти март, се одржа 63-тото доделување на Греми наградите, настан што ги обедини најпопуларните имиња на светската музичка сцена. На црвениот тепих беа Бијонсе, Дуа Липа, Тејлор Свифт и многу други.

Најкоментирана од сите, очекувано, беше Бијонсе, а дел од коментаторите е и Дејан Миличевиќ.

-Оваа година како короната да им го испила мозокот целосно, не знам што се случи, имаше ужасни комбинации, рече тој во „Премиера“ на ТВ Пинк.

Најмалку ја штедеше светската дива.

-Јасно е која е најголемата “мајка“ со најмногу пари во индустријата. Тој црн фустан со притиснати гради, каде може да се види дека малку се здебелила, потоа црни чорапи, ужасни обетки, косата е одвратна. Афро – не е Афро, станав, ќе доцнам, треба да му се даде вечера на Џеј Зи, рече тој Миличевиќ за стилизирање на светската дива.

Најнови вести