Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалко, Хелена Топаловиќ го изговори судбоносното „ДА“ и се пофали на социјалните мрежи.
Убавицата објави на својот Инстаграм профил фотографија од одморот на кој е заедно со својот избраник.
Имено таа сподели фотографија од хотелската соба во која има букет со црвени рози, а дел од нив се постелени и низ постелата.
Таа неодамна беше на мета на медиумите бидејќи беше во врска со оженето момче, но потоа демантираше тврдејќи дека тој е разведен.
View this post on Instagram
Овој пат таа не се срамеше да го покаже дијамантскиот прстен токму од ова момче кое засега се уште е анонимно за јавноста.
Инаку запросувањето се случи во еден луксузен хотел во Шпанија, а таа претходно беше поврзувана со пејачот Слоба Васиќ и тенисерот Дамир Џумахур.
View this post on Instagram