Фолк пејачката Јана Тодоровиќ живее во Германија и има вистински дворец како од бајките со езеро кое го поседува нејзиниот свекор, но сите заедно живеат во него.
Но, таа гордо истакнува дека тоа не е во нејзина сопственост и дека никогаш не ја интересирале материјалните добра.
Исто така речиси не крие дека потекнува од Косово каде израснала во сиромашно семејство и трошна куќа која сега ја сподели со сите преку својот Инстаграм профил посетувајќи го своето родно село.
На фотографијата се гледа нејзиниот двор кој е пуст и празен, но и куќата која мами солзи на очите на пејачката кога и да ја види.
-Кога некој ќе ми го спомене родниот крај, ме обземаат најубави спомени. Ме потсетува на скромен живот кој сме го воделе на село, на моите покојни родители за кои бев многу врзана, изјавила во една прилика пејачката.
Таа додава дека е горда на местото каде е родена во Косово, а истото го напуштила засекогаш во 1997-та година.
-Многу често одам доле, двапати во годината сигурно, таму ми живеат чичко ми и тетка ми, одам кај мојата фамилија и секој пат плачам кога сум дома, вели таа.