Најголемиот заводник, Леонардо Ди Каприо е повторно заљубен. Новата избраничка на 43- годишниот актер е аргентинската манекенка Камила Морон која има 20 години.
Не е новост дека глумецот обожава манекенки, не е новост ни дека се секогаш помлади од него, но невообичаено е тоа што во овој случај мајката на неговата девојка е пет години помлада од него.
Мајката Лусила Сола како и својата ќерка сака постари момци. Имено, 38-годишната Лусила е во врска со 77-годишниот Ал Пачино.