сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЏИНОВСКИ СИЛИКОНИ КОИ ЌЕ ВЕ ХИПНОТИЗИРААТ – Дара Бубамара замина на Миконос, но зеде три броја помало бикини (ФОТО)

ЏИНОВСКИ СИЛИКОНИ КОИ ЌЕ ВЕ ХИПНОТИЗИРААТ – Дара Бубамара замина на Миконос, но зеде три броја помало бикини (ФОТО)

Од едно малечко грдо пајче на Дунав, таа стана ѕвезда со прилично длабок џеб. Како луда нарачува за пиење „перињон“! Келнерите ги чести со шампањско… За ноќ купува повеќе од 20 шишиња, и тоа само шампањ. Дара за вечер троши најмалку 5.000 евра!

Секси пејачката Дара Бубамара (позната по хитот „Кошава са Дунава“) со природно надарени гради, кога е на летување, троши толку многу, како да Ѝ се тоа последни денови од животот. Па така и сега, наоѓајќи се на гламурозниот грчки остров Миконос. Веќе потрошила 65 илјади евра за само пет дена, а ќе остане уште толку. Овој остров е познат по својата скапотија и важи за летна дестинација на светскиот џет-сет.

Новосадската џебна Венера е сместена во еден од најлуксузните островски хотели. Се зборува дека некогаш во него летувала Кристина Оназис. Сега и пејачката Дара. Хотелот е со поглед на море, а има и базен. Кога ќе ѝ здодее морската плажа, апартманот има џакузи, а има и огромен воден кревет.

–На располагање ѝ се и дневните масажи и козметичките третмани во кои ужива. За тоа задоволство веќе издвоила 15.000 евра! Што ти е живот. Од едно малечко грдо пајче на Дунав, таа стана ѕвезда со прилично длабок џеб. Како луда нарачува за пиење „перињон“! Келнерите ги чести со шампањско… За ноќ купува повеќе од 20 шишиња и тоа само шампањ, а кај се коктелите, виното?… Дара за вечер троши најмалку 5.000 евра, вели соговорник за српските медиуми.

Дара Бубамара не е сама на Миконос, туку со својот личен фризер, најдобрата „другарка“.

–Сакам максимално да се одморам од сите настапи, бидејќи во текот на летото, кое е прикрај, пеев речиси секоја вечер, а со тоа и убаво заработив. Потешка сум за десетина и десетина илјади евра. Зошто тогаш да не уживам во животот?! – коментира среќната пејачка.

Најнови вести