Бугарскиот тениер Григор Димитров подолго време е во љубов со пејачката и модел, Никол Шерцингер, но неодамна беше откриено која е причината што оваа двојка функционира беспрекорно на далечина.
За ова искрено говореше Димитров, моментално 19. тенисер во светот.
-Тенисот доаѓа пред сите. Тешко е да имаш пријатели и затоа ги имам многу малку. Нема време за одмор. Понекогаш со Никол не се гледаме поради нашите обврски и таа почесто доаѓа кај мене. Сум и кажал дека за мене тенисот е на прво место. Или го правиш тоа или не и навистина е така. Еден ден сакам да имам семејство, но во моментов имам многу други цели“, вели 27-годишниот Димитров.
Пред да биде со популарниот „Гришо”, Никол Шерцингер беше во врска со шампионот на Формула 1, Луис Хамилтон, додека пак Димитров се „дружеше” со своите колешки од светот на тенисот, Серена Вилијамс, и Марија Шарапова.