понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Димитров го елиминира Алкарас во Шангај

Димитров го елиминира Алкарас во Шангај

Григор Димитров првпат во кариерата го победи Карлос Алкарас и заслужено обезбеди четвртфинале на Мастерсот во Шангај.

Бугарскиот тенисер се прикажа во одлично издание на денешниот меч, па иако го загуби првиот сет, успеа да направи целосен пресврт. Во досегашните нивни меѓусебни дуели, Димитров немаше освоено ниту сет.

Алкарас го доби првиот сет со 7:5, но следуваше одговор на ривалот, па Димитров успеа да ги добие следните два сета со 6:2 и 6:4 за победа од 2:1 и голем триумф над фаворитот на овој меч.

Во четвртфиналето, противник на Димитров ќе биде Чилеанецот Николас Џари.