петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алкараз го откажа настапот на турнирот во Базел

Алкараз го откажа настапот на турнирот во Базел

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз реши да се откаже од турнирот во Базел поради повреда, па така нема да го гледаме на терените од 21 до 28 октомври.

На негово место во главната фаза ќе биде сместен Станислав Вавринка, а ова откажување на Алкараз е добра вест за Новак Ѓоковиќ кој води во битката за првото место на крајот на сезоната на АТП-листата.

Алкараз пропушти шанса да освои нови 500 бодови на АТП-листата, но воедно ќе ги загуби и 180 поени кои ги освои минатата година.

Ова значи дека на 29 октомври, кога ќе биде објавена новата ранг-листа, Алкараз ќе биде на втората позиција со 8.625 бода, додека Ѓоковиќ ќе има 11.045 бода, поточно ќе се зголеми разликата меѓу тенисерите.