сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ДОБИЛ ПОВИК, ДАРКО ЛАЗИЌ ОДИ ВО ВОЈСКА: Ќе повикам пола естрада на испраќањето!

ДОБИЛ ПОВИК, ДАРКО ЛАЗИЌ ОДИ ВО ВОЈСКА: Ќе повикам пола естрада на испраќањето!

Дарко Лазиќ оди во војсказ а конечно да се доведево ред! Фолкерот добил покана за резервниот состав на војската на Србија и вели дека едвај чека да ја облече униформата.

Пејачот кој едвај ја извади жива глава после тешката сообраќајната несреќа во октомври 2018-тата година, верува дека после обуката ќе биде „како нов“.

-Добив повик за резервниот состав на војската, навистина се изненаден. Не служев воен рок, па не ни очекував повик, но не ми пречи. Тоа е одлично за мене! Едвај чекам да одам на таа обука, да ме доведат малку во ред. Конечно да се научам што е тоа дисциплина, вели Дарко за Информер.

Без оглед на тоа што е поканет на обука која трае само седум дена, Лазиќ размислува да направи големо испраќање.

-Најблиските мора да ме испратат како што доликува, така што сигурно ќе имаиспраќање.

-Ќе биде вистинска забава, важно е секогаш да имам причина за славење. Ќе ја поканам половина естрада, ќе ни пее мојата кумата Андреана Чекиќ. Се уште не знам кога ќе биде прославата, поканата штотуку пристигна“ – објаснува пејачот, кој многу не се грижи како ќе се снајде на обуката.

„Ќе ми биде одлично таму! Можам да им бидам и готвач, не мора да земам пушка во раце. Вешт сум во кујната и сакам се да подготвувам, па со мене сигурно убаво ќе се најадат. Втор пат во униформа веднаш се пофали пејачот на Инстаграм и ги замоли колегите кој е расположен за да го испратат во војска со песна.

-Колеги, има ли некој слободен да ми пее на испраќањето во војска? Кажете ми, напиша пејачот на социјалните мрежи.

Лазиќ досега само еднаш има облечено воена униформа, кога снимаше спот за песната „Ти си живот, а и грешка“ заедно со неговата кума Андреана Чекиќ.

Најнови вести