Познато е дека пејачот Дарко Лазиќ не е во одлични односи со Марина Гагиќ, неговата поранешна свршеница со која го има синот Алексеј – по раскинувањето настана медиумска војна, а и покрај навидум смирувачката ситуација, нов „напад” дојде од страната на Марина.
Имено, Марина за прв пат по завршувањето на судењето со Лазиќ се огласи на Инстаграм каде сподели цитат за бескрупулозните татковци, па на нејзините следбеници не им требаше долго време да сфатат дека зборува за Лазиќ.
-Добар татко не е тој што заработува многу, туку оној што не го напушта семејството – се наведува во објавата на Марина.
Инаку, Марина минатата година покрена правна постапка за да го добие старателството над синот Алексеј, кој го доби со пејачот. По неколку рочишта, Лазиќ се согласи со тужбата на Марина да и плаќа месечна алиментација од 50.000 динари, како и да има старателство таа.