Каролина Гочева, Тоше Проески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата. Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше.
Ова го напиша Андријана Јаневска, познатата македонска пејачка, виолинистка и музички педагог, споделувајќи ја досега невидената фотографија од нејзината приватна архива, која како што напиша на Фејсбук, ја објавила со дозвола на Каролина и семејството на Тоше.