Српската пејачка Александра Пријовиќ важи за една од најзгодните на естрадата, но на почетокот кога првпат се појави пред малите екрани беше сосема поразлично девојче кое доаѓаше од село.
Таа денес живее во среќен брак со Филип Живојиновиќ со кого го има синот Александар, а по породувањето таа многу брзо се врати во посакуваната топ форма.
Иако таа никогаш немала проблем со вишокот на килограми, српските медиуми пишуваат дека имала „проблем“ со својот физички изглед.
Со текот на годините таа драстично го менуваше својот изглед, па така од обична девојка без ниту еден силикон на себе, денес изгледа како секс бомба.
Во една прилика таа изјави дека корегирала се што сака и дека веќе нема ништо да прави со своето лице и тело.
„Зависник сум од естетските операции, бидејќи жената треба да си го удоволи тоа што ја прави среќна. Не треба да се претерува, не да не личите на себе, но да корегирате се што сакате секако е оправдано“, рече во една прилика таа.