четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Драма во болницата во Земун: Дарко Лазиќ повторно на итна операција поради крварење

Драма во болницата во Земун: Дарко Лазиќ повторно на итна операција поради крварење

Српскиот пејач Дарко Лазиќ синоќа бил итно опериран поради сериозно внатрешно крварење кое му го отежнувало дишењето, јавува „Блиц“.

Драмата во земунската болница, во која Лазиќ веќе 12 дена е хоспитализиран по тешката сообраќајна несреќа, започнала рано утринава

Лазиќ се пожалил дека не може да дише, па докторите направиле снимање на белите дробови, при што се утврдило дека има лоша сенка на левото белодробно крило, односно дека се собира некоја течност.

Семејството било известено дека операцијата мора итно да се направи.

Хирурзите му го пунктирале белодробното ткиво и ја пронашле причината за сенката која на Дарко му го отежнувала дишењето. Од белите дробови биле извадени дури два литри крв, пишува Блиц.

Здравствената состојба на пејачот сега била подобрена, а докторите цела вечер ја следеле состојбата. Како што дознава „Блиц“ денес докторите ќе одлучуваат дали е потреба уште една пункција.

Дарко Лазиќ беше беше еднаш опериран поради крварење на внатрешните органи, а за време на операцијата му беше извадена слезината.

Најнови вести