Иако со месеци наназад сите членови на семејството Живоиновиќ во интервјуа надолго и нашироко зборуваа за одморот на Тајланд на кој ќе одат сите заедно, нивната среќа, но само накратко, ја расипа проблемот со кој Александра Пријовиќ се соочи на аеродромот.
Имено, девојката на Филип Живоиновиќ морала да го пропушти летот од Белград за Истанбул поради проблеми со визата, па така семејството Живоиновиќ се упати во Турција без неа, а таму минале скоро цел ден, додека таа не го решила проблемот во амбасада.
Александра синоќа доцна конечно им се придружила на сите нив, а нејзиното момче Филип веднаш објави селфи од авионот за Тајланд на кое позира со неа и браќата Виктор и Стефан.
-Експедицијата започна – порача Филип.