четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Другото лице на Анџелина Џоли: За себе вели дека е посветена мајка, но дадилката открива шокантни информации

Другото лице на Анџелина Џоли: За себе вели дека е посветена мајка, но дадилката открива шокантни информации

Жената која го поминуваше секој ден со децата на холивудската ѕвезда истакнува дека премногу им дозволува и често ги остава на мира.

Што се случува во семејната куќа на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли открива дадилката која живеела и работела во куќата на позната дама.

Имено, актерката претходно зборуваше за тоа како ги воспитува децата на свој начин, што смета дека позитивно влијае на нивното созревање и растење, а како што наведе, нејзина примарна цел на воспитување се домашните задачи, образованието и влевањето почит и љубов кон сите живи суштества. Еднаш изјавила дека секоја вечер им пее приспивни песни со различен глас за да ги забавува.

Сепак, дадилката тврди дека работите во куќата функционираат поинаку.

Според зборовите на жената, која наводно ги чувала децата и останувала со нив 24 часа, актерката едвај успева да ги скроти ќерките и синовите, таа најчесто е отсутна од дома, што е голем проблем во воспитувањето на децата.

-Таа е мајка која е многу отсутна поради секојдневните проблеми и кариерата, не успева да им се посвети на децата, а тоа е рецепт за пропаст. Анџелина мисли дека е модерна мајка затоа што ги третира децата како да се возрасни. Но, точно е дека на децата одвреме-навреме им треба укор за да можат да го разликуваат доброто од лошото. Анџелина создава повеќе проблеми отколку што носи добро и им прави лоша услуга, изјавила оваа дадилка за американските медиуми, додавајќи дека Џоли често ги остава децата сами дома.

„Слушнав дека честопати излегува од дома навечер и ги остава децата сосема сами без некој постар да ги надгледува, а еднаш ги оставила повеќе од десет часа во текот на ноќта додека снимала нов филм“.

Изјавите на Анџелина за приспивни песни, дадилката остро ги демантираше, нагласувајќи дека сето тоа било многу порано, кога децата биле многу мали.

Најнови вести