Ана Бекута и Зорица Брунцлик веќе неколку години се во естрадна војна, а нетрпеливоста меѓу легендите на народната музика кулминираше со жестоки расправии, поради кои Ана експресно одбива да пее заедно со колешката на сите приватни прослави.
Бекута наводно ја одбива секоја тезга на која е поканета Зорица, без разлика за која сума станува збор. Имено, и двете пред две години добиле покана од богат господин кој прославувал раѓање на дете, но Ана, наводно, не сакала ни да слушне за тоа, па се откажала.
-Тој човек не праша колку чини, само сакааше да му пеат Ана и Зорица. Меѓутоа, штом дознал дека Ана одбива да работи со Зорица бидејќи имаат некаков конфликт од минатото, се откажал иако за тој ангажман би била дебело платена. Решил во тој случај да не се јави ниту еден од нив, објави локален медиум пред две години.
-Слушнавме дека Ана, наводно, ниту сака да дели бакшиш со Зорица, ниту би престојувала во истите ресторани и хотели каде што работи. Некогаш дури одбила да направи богата ромска свадба само затоа што во неа била вклучена и Зорица. Едноставно е така и не отстапува од тоа, рекол изворот.