четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Џани тежи цели 30.000 евра, а од цифрата на Матиќ ќе ви се заврти во глава: Еве колку ќе заработат познатите ѕвезди на најлудата ноќ

Џани тежи цели 30.000 евра, а од цифрата на Матиќ ќе ви се заврти во глава: Еве колку ќе заработат познатите ѕвезди на најлудата ноќ

Многу пејачи од српската сцена објавија дека веќе закажале настап за новогодишната ноќ 2022 година. Иако не сакаат да откриваат колку пари ќе заработат во „најлудата“ ноќ, јасно е дека многу од нив ќе бидат побогати за неколку илјади евра.

Сепак, според медиумите, рекордер може да биде популарниот пејач Саша Матиќ, кој наводно ќе заработи 50.000 евра на 31 декември. Како што откри извор близок до пејачот, Саша ќе настапи во луксузен хотел во Белград, што го закажа пред една година.

– Вистина е дека Сaша ќе пее во Белград, очекуваме дека се ќе биде добро кога станува збор за епидемиолошката состојба во нашата земја и дека нема да има откажувања. Пред една година закажавме настап за најлудата ноќ, но навистина е невкусно да се зборува за бројки. Никогаш не сме зборувале за заработка, па не би го направил тоа ниту сега – изјави менаџерот на Саша, Марко Максимовиќ за „24седам“.

Многу пејачи имаа закажани настапи и минатата година, па се зборуваше дека Слоба Радановиќ требало да добие, како што се наведува, тогаш 30.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S L O B A (@slobaradanovic)

Рада Манојловиќ и Пеѓа Меденица ќе пеат на сплав во Белград, каде што требаше да бидат и за приемот и минатата година. Тие двајца тогаш, заедно, требаше да соберат 50.000 евра.

Радиша Трајковиќ Џани ќе настапи во хотел во Ледине. Иако неговиот менаџер не зборуваше за хонорарот, Џани треба да настапи на истото место како и минатата година, а наводно ќе земе 35.000 евра за новогодишната тезга.

Најнови вести