Џенифер Лопез вчера наполни 53 години, а во чест на нејзиниот роденден и претставувањето на нов производ, актерката реши да позира гола.
На Instagram објави видео во кое го претстави новиот производ на брендот JLo Beauty, балсам за тело, поточно за нега на задникот.
– Ние ја посветуваме целата грижа и внимание на кожата на лицето, но понекогаш го занемаруваме телото. Ми беше важно да создадам рутина за нега на кожата за телото, за неговите специфични и уникатни потреби, а почнавме со задникот, појасни Лопез.
View this post on Instagram
Џенифер моментално престојува во Париз со нејзиниот сопруг Бен Афлек.