среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Џенифер Лопез во еден момент ја “стресе“ Америка: За овој потег на пејачката зборува цел свет

Џенифер Лопез во еден момент ја “стресе“ Америка: За овој потег на пејачката зборува цел свет

Инаугурацијата на Џо Бајден е главната тема во Америка и денес. Се зборува за многу детали: за модата, преку фактот дека за прв пат Америка има жена за потпретседател, преку необичното заминување на Трамп и преку настапот на Лејди Гага.

Но за момент сите погледи беа свртени кон Џенифер Лопез.

Таа ги изведе песните “This Land Is Your Land” и “America the Beautiful”, но во еден момент почна да си ја пее и својата песна “Let’s get loud!.

Тоа предизвика лавина од реакции. Некои велат дека Џенифер била понесена од атмосферата па затоа го направила ова, други велат дека е грешка, трети дека на овој настан не доликува да се прави концерт… Какви и да се коментарите, едно е сигурно – за овој потег на пејачката зборува цел свет.

Социјалните мрежи ја направија топ тема.

Најнови вести