Суперѕвездата на боливудските филмови Сридеви Капор која почина во Дубаи, не починала како последица на срцев удар како што во прв момент пренесоа светските медиуми.
Извештајот на форензичарите и патолозите, кој е проследен на семејството покажува дека актерката се удавила, и дека причината за нејзината смрт не е срцев удар.
Во текот на претходните пет децении се појавила во скоро 300 филмови, вклучувајќи ги и „Mr.India”, „Chandni”, „ChaalBaaz” и „Sadma”.
Индиската јавност е во шок поради смртта на една од најпознатите актерки во Боливуд.