Во интервју за GQ Hype објавено во четвртокот, Ед Ширан потврди дека си ископал гроб на својот имот и покрај тоа што другите го сметале за морбидно.
Во едно интервју тој беше прашан дали е вистина дека си изградил гробница, на што Ширан одговорил: „Не би рекол дека е гробница“. Тој објасни дека всушност изградил капела на својот имот каде што може да тагува за најблиските кои починале.
Ширан спомeнал дека сфатил дека сака да биде погребан таму кога видел колку било убаво додека се градела капелата. Тој додаде дека сака место каде што неговите деца можат да одат и да се сеќаваат на нивниот татко.
-Тоа е дупка ископана во земјата со малку камен над неа, па кога и да дојде денот и да умрам, таму ќе одам, објаснил пејачот.
Рече дека другите мислат дека тоа е „навистина чудно и навистина морбидно“, и дека кога неговите пријатели ненадејно починале, блиските не знаеле што да прават.
„Низа настани го променија мојот живот, моето ментално здравје и на крајот начинот на кој гледав на музиката и уметноста. Пишувањето песни е мојата терапија. Тоа ми помага да ги разберам моите чувства. Пишував без да размислувам какви ќе бидат песните. И за нешто повеќе од седум дена ја заменив децениската работа со моите најдлабоки и најмрачни мисли“, рече тој за работата на албумот „Substract“.