среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Еден детаљ кажува многу: Северина го смени описот на најубавата фотографија со Игор, еве што мисли за нивниот брак

Еден детаљ кажува многу: Северина го смени описот на најубавата фотографија со Игор, еве што мисли за нивниот брак

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ пред две години се разведе од Игор Којиќ, син на пејачот Драган Којиќ Кеба, а сега и откри на јавноста како гледа на бракот кој траеше шест години.

Северина уште не ја избриша фотографијата од свадбата со Којиќ на своите профили на социјалните мрежи, но го промени описот на фотографијата, со што јасно стави до знаење што мисли денес за нивниот брак.

Имено, поранешниот пар се венча тајно во 2015 година, кога пејачката на својот Инстаграм профил објави фотографија од венчавката, со текст од една нејзина песна:

-Мил мој, да не се сретневме, ќе беше вистинска штета… 22.11 – напишала тогаш.

По разводот со Игор, пејачката не ја избриша објавата од својот профил, а истата може да се најде на нејзиниот профил и денес, но описот е сосема поинаков.

-Голема грешка – пишува сега во описот на фотографијата со која Северина го откри своето мислење за пропаднатиот брак.

Најнови вести