Експертот за невербална комуникација Џуди Џејмс тврди дека принцот Хари се обидувал да биде опуштен, но дека нервозата му била откриена по една постапка, додека Вилијам се покажал како вистински постар брат.
Смирениот Вилијам, според човекот што чита од усни, на Хари му кажал: „Важно е да ја откриеме статуата како што доликува“.
Додека се движеа кон статуата, Вилијам исто така кажал: „О, па ова изгледа прекрасно“, а Хари се надоврзал велејќи: „Спектакуларно“.
„Хари нешто правеше со бурмата што е очигледен показател на тоа дека своето семејство го чувствува како извор на утеха под притисок“ – изјави Џејмс за „Мирор“.
Имено, покрај него на церемонијата не беше Меган Маркл, како ни неговите деца. Не е првпат Хари да биде виден како ја допира својата бурма за време на кралските церемонии, а експертот смета дека тоа го прави кога е „под притисок или кога е осамен“.
„Нивниот говор на тело беше скоро идентичен, беа огледало еден на друг што ја докажува нивната длабока поврзаност. На моменти не можеа да ја сокријат нервозата, а се виде и дека се многу внимателни, бидејќи беа свесни дека луѓето ќе го прочитаат нивниот говор на телото. Немаше размена на помали, мрачни погледи или нешто слично“ – додаде тој.
Особено, тврди, беше емотивен моментот кога браќата првпат ја видоа статуата на нивната мајка. Следуваше мал момент во кој размислуваа, а потоа Хари погледна кон Вилијам.
„Тоа беше нивниот краток, интимен момент, Хари сакаше тоа чувство да го подели со брат му“ – заклучи Џуди Џејмс.