Пред околу една недела, актерката Ен Хеч имаше тешка сообраќајна несреќа, по што беше хоспитализирана. За жал, актерката им подлегна на повредите и во петокот на 12 август, беше прогласена за мртва.
Лекарите ја одржуваа Ен во живот со помош на машини, а по прогнозата дека веројатно нема да преживее, нејзиното семејство донесе одлука машините да бидат исклучени, а нејзините органи донирани.
Кратко пред веста да биде споделена со јавноста, поранешната партнерка на Ен, Елен Деџенерис, го искажа своето сочувство.
– Ова е тажен ден. Им ја испраќам целата моја љубов на децата, семејството и пријателите на Ен – порача Елен на социјалните мрежи.
This is a sad day. I'm sending Anne's children, family and friends all of my love.
— Ellen DeGeneres (@TheEllenShow) August 12, 2022
Елен и актерката беа во врска од 1997 до 2000 година. Нивната врска беше сериозна и тие чекаа да се легализираат истополовите бракови за да се венчаат.
Сепак, тие се разделија, а наводно поради оваа врска, Ен го заладила односот со нејзината мајка.
Претходно, Елен откри дека не била во никаков контакт со Ен пред несреќата. Нo, на прашањето дали има информации за состојбата на Ен, водителката ја покажа нејзината загриженост.
– Не сме во контакт, па не би знаела. Не сакам никој да биде повреден, изјави Елен.