Пејачот на фолк музика Ера Ојданиќ се пофали со новата насмевка, за која издвои огромна сума на пари.
Иако и самиот вели дека неговите заби добро му служеле, решил да го следи примерот на колегите.
-Направив заби, гледаш како луд се смеам! Ги направив пред десетина дена. Инаку, имав добри заби, но сега сите се прават важни, па да се правам важен и јас, рече Ера во изјава за Пинк.рс.
На прашањето дали ова е најскапата насмевка на сцената, Ера вели:
-Само Милиќ Вукашиновиќ има заби поскапи од мене! Неговите се 16.000 евра, а моите 15.000! Сега цените скокнаа, а јас само размислував да го стигнам, но ништо. Иако неговите се покрупни, можеби се поскапи поради количината на материјалот, објасни Ера.