четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ерлинг Халанд ја пуштил својата долга руса коса за насловната страница на „GQ“

Ерлинг Халанд ја пуштил својата долга руса коса за насловната страница на „GQ“

Ерлинг Халанд ја пуштил својата долга руса коса во текот на фотографирањето за насловната страница на најновото издание на „GQ“.

Суперѕвездата на Манчестер Сити речиси секогаш ја носи својата препознатлива руса коса врзана во реп, па затоа ваквиот изглед ги изненади неговите фанови.

Британскиот „GQ“ објави неколку фотографии од снимањата за овој магазин, а неговото потполно поинакво и ретко видено издание привлече големо внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GQ Sports (@gqsports)

На една од фотографиите, Халанд гледа директно во камерата, облечен во „Givenchy“ џемпер од 690 долари и сив блејзер кој чини 2000 долари.

На друга фотографија, поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд носи јакна од 3800 долари и џемпер од 325 долари.

Медитацијата e едно од нештата кои се споменуваат во неговиот разговор за популарниот магазин, а фудбалерот навел дека му помогнала во неговата ментална состојба.

„Мислам дека е навистина добра работа, да се опуштите, да се обидете да не размислувате премногу. Бидејќи стресот не е добар за никого. Мразам кога сум под стрес. Меѓутоа, концептот на медитацијата е да се обидеме да се ослободиме од таквите мисли. Тоа е навистина индивидуално, но за мене навистина добро функционира“, вели Халанд.

Најнови вести