сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Славјето на Фоден и потегот на Халанд (ВИДЕО)

Славјето на Фоден и потегот на Халанд (ВИДЕО)

Манчестер Сити уште еднаш го понижи градскиот ривал Манчестер Јунајтед победувајќи на „Олд Трафорд“ со 3-0. Ерлинг Халанд блескаше со два гола, но сите зборуваат за потегот на Норвежанецот кога Фоден се запиша во листата на стрелци, а потоа тргна да го прослави.

Се очекуваше Фоден да го прегрне Халанд за да му се заблагодари за асистенцијата и за малку ќе го стореше тоа, но потоа го виде Норвежанецот како му покажува да слави на пооригинален начин и да се фрли на колена, што и самиот го направи кога го постигна вториот.