Цеца Ражнатовиќ е на „зимско“ летување на Малдивите со својот соработник Сретен Радовиќ, додека нејзиниот емотивен партнер Богдан Срејовиќ моментално ужива во друштво на млада и атрактивна бринета.
View this post on Instagram
Имено, саканиот на фолк-пејачката присуствуваше на концертот на нејзината колешка Лена Ковачевиќ и тоа во женско друштво.
Фоторепортерите го снимија Богдан во театарот Звездара каде што друштво му правеше анонимна бронета, закоја српските медиуми пишуваат дека многу личи на неговата поранешна сопруга Зорана, со која ја има ќерката Искра.
Менаџерот на угостителски објекти и неговата придружничка цела вечер се смееле и уживале во изведбата на Лена, пришто веројатно Богдан заборавил да ѝ ја лајкува најновата фотографија на својата сакана, на која позира во атрактивен костим за капење во егзотичните Малдиви…
View this post on Instagram