недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Чарлс Трети ја објави првата божиќна честитка како крал

ФОТО: Чарлс Трети ја објави првата божиќна честитка како крал

Бакингемската палата во неделата објави фотографија за првата божиќна честитка на кралот Чарлс како монарх.

Тој е сликан со сопругата Камила на Игрите Браемар во Шкотска.

Станува збор за прослава на традиционалните шкотски игри, спортови и танци во Браемар, село на околу сто километри западно од Абердин, кое се наоѓа во соседството на летната резиденција на кралот, Балморал.

Фотографијата која ја избраа Чарлс и Камила е направена на 3 септември, непосредно пред неговото доаѓање на тронот.

Кралицата Елизабета, која го пропушти тој настан оваа година за првпат во своето 70-годишно владеење, почина помалку од една недела подоцна.

Најнови вести