Пред неколку месеци српската поп-дива Јелена Карлеуша се поднови со уште еден скап чифт чизми од реномиран бренд.
Се вели дека секој нов тренд кој излегува од модните писти, не одговара секому, но во случајот на Карлеуша, ваквиот модел металик сребрени чизми, и прилегаа одлично.
Деновиве сличен стајлинг реши да облече и Дара Бубамара која по повод промоцијата на новиот спот во „Ами Џи“ шоу се појави во имитација на она што го носеше нејзината колешка.
Парите не секогаш се пресудни за добар избор и стил, но во случајот на Дара, овој модел не и требаше.
Пред се Јелена има долги нозе кои прилегаат на ваквите чизми, а пак кај Дара е сосема спротивниот ефект. Погледнете и самите…