петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Девојката на Нејмар објави фотографии од породувањето, еден детаљ ја изненади јавноста

ФОТО: Девојката на Нејмар објави фотографии од породувањето, еден детаљ ја изненади јавноста

Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди минатата недела станаа родители, а сега партнерката на фудбалерот сподели фотографии од породувањето.

Девојката на познатиот фудбалер на Инстаграм објави серија фотографии од породилиштето, а сите беа изненадени што фудбалерот не присуствувал на породувањето.

Нејмар не присуствувал на самиот чин на породување бидејќи не бил во Бразил, но како што пишуваат светските медиуми, штом дознал дека неговата девојка се породува, со приватен лет набргу ги видел партнерката и новороденото дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi)

-Да бидам мајка отсекогаш бил мојот сон, а оние кои ме познаваат знаат… но никогаш не замислував дека тоа ќе биде толку интензивна и необјаснива љубов. Како сега сè да има смисла. Месеци на многу промени, физички и емоционални помина… таа почувствува се што чувствував јас, и беше неверојатно да се види колку луѓе навистина се грижат за нас. Бог, пријателите, семејството… Ви благодарам многу, изјавила таа.

Бруна била емотивна и искрено напишала како се чувствувала за време и по бременоста и породувањето.

„При нејзиното раѓање можев да го доживеам чувството на нормално породување и царски рез и не би менувала ништо! Беше совршено! Ми недостигаат снимките, кремата за стомак и да ја гледам како напредува, но сега е бескрајно подобра. Ова го пишувам со Меви во раце, со најубаво лице. Со нетрпение очекувам да доживееме прекрасни работи заедно, ќерко! Јас секогаш ќе бидам со тебе. Ти благодарам што ме спаси. Те сакам повеќе од се, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi)

Најнови вести