петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар по операцијата во Бразил: „Сè ќе биде во ред“!

Нејмар по операцијата во Бразил: „Сè ќе биде во ред“!

Бразилскиот напаѓач Нејмар (31) е опериран во Бело Хоризонте, две недели по тешката повреда на натпреварот против Уругвај во квалификациите за Светското првенство 2024, јавија синоќа локалните медиуми.

Операцијата на вкрстените лигаменти, како и на менискусот на левото колено, траеше четири часа, а ја изврши докторот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар, објави „Глобо Еспорте“.

Саудискиот клуб Ал Хилал, во чиј редови настапува Нејмар, планираше операцијата да биде извршена во Париз, меѓутоа бразилскиот репрезентативец се одлучи за докторот Ламар, кој веќе го оперираше во истата болница во 2018 година по тешката повреда на стапалото додека беше член на ПСЖ.

Нејмар по хируршката интервенција објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа додека спие со своите две деца и порача: „Сè ќе биде во ред“.

Се очекува играчот на Ал Хилал да се врати на теренот до крајот на првата половина на 2024 година.  (МИА)