Една обожавателка на американскиот глумец Двејн Џонсон прослави 101. роденден, и по тој повод, од својот миленик доби две шишиња текила како подарок.
Глумецот на почетокот на оваа година го лансираше својот текила-бренд, а Мери Гловер овој месец наполни 101 година и по пошта доби пакет изненадување од ѕвездата, заедно со пишана честитка за роденден.
Таа е апсолутно воодушевена од подарокот, а „Карпата“ на интернет сподели и слика од среќната старица како позира со шишињата славејќи го роденденот.
Притоа, тој ѝ посака уште многу здравје и со лесно да го испие пијалакот.
Во 2019 кога таа го прослави 100-тиот роденден Џонсон и испрати видео со роденденска честитка.
Happy 100th birthday to Grandmom Grover, I cannot begin to thank @TheRock enough for making this happen. pic.twitter.com/qZ9iOcsiJI
— Jamie Klingler (@jamieklingler) October 2, 2019