Во моментов, најпопуларниот холивудски пар, Џенифер Лопез и Бен Афлек, блескаа на премиерата на „Последниот дуел“.
Навикнати сме Џеј Ло да се истакне со стајлингот на важни настани, па не е ни чудо што истото беше и на премиерата на новиот филм на нејзиниот нов / стар дечко Бен Афлек.
Џенифер (52) покажа дека е во подобра форма од било кога. За оваа пригода, латино дивата избра дводелна облека во ист тон, изработена од кафеав материјал проткаена со златни детали.
Здолништето имаше висок шлиц, така што ги покажуваше извајаните нозе, додека горе носеше блуза со ролка, што ги истакна нејзините затегнати стомачни мускули.