Денот на независноста на САД, 4-ти јули, Џеј Ло го помина во околината на Хемптонс заедно со Алекс и децата.
48-годишната пејачка уживаше на плажа покрај својот сакан, облечена во розово монокини, со природна коса и шешир.
Но, освен нејзината секси фигура, она што на сите им „падна во очи“ беше нејзиниот прстен на раката, па со тоа поттикна гласини за свршувачка.
На фотката која ја објави на Инстаграм, таа лежи на песок, потпрена на Алекс, а јасно се гледа нејзината рака со прстенот.
Џеј Ло често носи впечатливи прстени, но секако овојпат го привлече вниманието со тоа што ѝ беше ставен на „вереничкиот прст“.