Неодамна започнаа снимањата на четвртата сезона на „Преспав“ која ја освои македонската публика.Преку интересни и комични сцени ликовите прикажуваа одредена ситуација или случка.
Игор Ангелов ја играше улогата на Коста односно тој беше сопруг на Германката Ула (Тијана Дапчевиќ).
Децата го обожуваат Игор заради улогата на Цветко во ТВ серијата „5+ Фамилија“, а возрасните заради многуте одлични театарски и филмски улоги. Но, дефинитивно улогата на Коста во „Преспав“ ќе му остави голем впечаток во неговата кариера.
Игор заедно со неговото семејство односно сопругата Ева и синовите Јаков и Андон живее во Скопје, поточно во селото Бардовци.
Игор на социјалните мрежи има споделено неколу фотографии од своите синови, еве како изгледаат Јаков и Андон.
Деновиве Игор исто така објави фотографија од неговиот син Јаков Ангелов каде што свири на еден музички инструмент, а под објавата се нижеа само позитивни коментари.
Во продлжение погледнете уште неколку фотографии од децата на Игор.
За потсетување, четвртата сезона на „Преспав“ ќе започне да се емитува во декември.
извор: Вистина.мк