Популарната македонска пејачка Јана Бурчевска, неодамна стана мајка, доби ќеркичка која ја крстија Дона, а го објави и новиот сингл „Содом“.
Имено Јана беше наша претставничка на Евровизија каде откри дека е бремена, а нејзиниот сопруг токму таму ја запроси.
Иако повеќето жени имаат проблем со вишокот килограми после породувањето, за Јана тоа не е така.
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од амбиентот во нејзиниот дома, а според истите се гледа дека Јана веќе е вратена во одлична форма.