Ако нечија љубовна приказна и хармоничен брак се пример за секого, тогаш тоа секако се Новак и Јелена Ѓоковиќ.
Нивната бајка трае со години, а нивната љубов од ден на ден станува се посилна и посилна. Како најголема круна на сè што градеа заедно, тие ги добија синот Стефан и ќерката Тара.
И додека тато Новак се бори на турнирот во Лондон за уште еден трофеј, Јелена патуваше во Црна Гора со своите деца.
Г-ѓа Ѓоковиќ не ја пропушти можноста да им покаже на синот и ќерката од бајките каде нивните родители го изговорија судбоносното „ДА“, на Свети Стефан.
View this post on Instagram
-Па, деца, ова е познатиот остров Свети Стефан каде мама и тато се венчаа додека Стефан беше во стомакот, напиша Јелена под волшебната слика која ги воодушеви сите.