Српската поп пејачка и членка на жирито на „Пинковите ѕвездички“, Јелена Томашевиќ беше една од најавуваните гостинки од регионот на скопскиот концерт во чест на Тоше. Во првичните најави на организаторот дури нејзиното име беше споменувано како сигурно, а таа како една од оние кои го потврдиле својот настап. Таа информација во првичните најави за концертот ја пренесоа и дел од македонските портали, но кога дојде денот, односно кога беше објавен конечниот список на учесници на ден-два пред концертот и прес конференцијата за него, името на атрактивната српска пејачка повеќе го немаше на списокот, пишува Вистина.мк.
Веројатно како нејзина алтернација беше договорена Александра Радовиќ која настапи и одлично си ја заврши работата, а сите помислија дека Томашевиќ е зафатена со обврски, концертни настапи кои не може да ги откаже, студиски или ТВ снимања… и сл.
Но, денес на нејзиниот Инстаграм профил се појавија фотографии од една далечна и егзотична дестинација, кои српските портали веднаш ги пренесоа појаснувајќи дека Јелена Томашевиќ одмара во Танзанија, односно, ужива во убавините и егзотиката на Занзибар!
Заради оваа причина ли не успеа да се договори со организаторот на скопскиот концерт за Тоше,односно толку ли не можеше да биде откажан, односно поместен нејзиниот одмор или постои нешто трето заради кое беше најавено, па откажано нејзиното учество во Скопје…?! И едните и другите и должат одговор на публиката!
извор: Вистина.мк