понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Какво минато имаат снаите на кралското семејство?

ФОТО: Какво минато имаат снаите на кралското семејство?

Членовите на британското кралско семејство мора да водат грижа за своето однесување во јавноста. Тие ја претставуваат својата земја и целата британска нација.

Децата кои се одгледувани како принцови и принцези во ова семејство, уште од мали нозе знаат на кој начин мора да се движат, облекуваат, говорат и слично. Со оние луѓе кои стануваат членови на семејството со венчавка, ситуацијата е малку поинаква, а ова посебно се однесува на двете најпопуларни снаи во семејството – Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

Кога ќе ги погледнете денес, ќе помислите дека целиот живот живееле на таков начин, но многумина сигурно ги забораваат нивните модни промашувања од минатото и “непримерното” однесување во јавноста.

Кејт Мидлтон

Кејт стана најстарата невеста во историјата на кралското семејство, кога на 29 години се омажи за принцот Вилијам. По кралската венчавка во мај, таа титула ќе ја носи Меган Маркл.

Војвотката од Кембриџ е кралска снаа со факултетска диплома и е една од ретките кои не се со кралско потекло.

Нејзината врска со Вилијам од почетокот беше интересна за новинарите, а Кејт не се снаоѓала најдобро со големиот притисок од јавноста.

Пред 10 години таа била пополничка од денес, а нејзиниот вкус за мода бил далеку од кралски.

Како тинејџерка често позирала без добра фризура, шминка и насмевка, кои денес се нејзини заштитни знаци.

Годините во кралското семејство ја научиле како треба да се облекува, изгледа или позира на фотографии, а веројатно тоа набрзо ќе го дознае и Меган.

Откако во 2007 година накратко раскина со принцот Вилијам, Кејт според неофицијални извори во тој период често излегувала. На интернет можат да се пронајдат бројни нејзини фотографии од ноќни забави во кои очигледно уживала.

Денес, Кејт со принцот Вилијам има две деца, убав брак и кралска титула, но малку е познато дека таа во својата младост имала две романси.

Нејзината голема средношколска љубов бил Вилем Маркс, новинар, додека за време на студиите излегувала со Руперт Финч, студент по право, но тоа не траело долго.

Меган Маркл

Меган во мај ќе се мажи за принцот Хари. Oткога се дозна за нивната врска во медиумите, постојано се пишуваше за тоа, а новинарите се трудеа да откријат што повеќе детали од нејзиниот живот.

Она што е посебно интересно за неа е тоа што таа е актерка и поради работата морала да снима и секси сцени.

Во една таква ситуација досега не се нашла ниту една идна членка на кралското семејство.

Прекрасната бринета остварила неколку забележителни улоги во сериите “Castle”, “Тhe League”, “Fringe”, како и во филмовите “Horrible Bosses” и “Remember Me”. Сепак, најпозната е по серијата “Suits”, за која сними и неколку провокативни сцени.

По информацијата дека принцот Хари и Меган се во врска, британските таблоиди започнаа да ги објавуваат “жешките” сцени од споменатата серија и да ги истакнуваат најскандалозните детали од животот на оваа Американка.

Најпрвин е откриено дека многу секси сцени кои актерката ги снимила, се објавени на порно сајтот “PornHub”. И покрај фактот што актерката никогаш не била потполно гола пред камерите, кадрите од споменатата серија се доволно “жешки” за да се најдат на најпознатиот порно сајт.

Другата работа која за неа е особено интересна е тоа што таа има еден брак зад себе со филмскиот продуцент Тревор Енгелсон (41). Со него се венчала во 2011 година на Јамајка, но се развеле две години подоцна поради “непремостливи разлики”.

Маркл и Енгелсон се запознале во 2004 година и се забавувале 6 години, пред да стапат во брак. Венчањето траело 4 дена. Еден од инсајдерите изјавил дека нејзината улога во серијата “Suits” е виновник за разводот.

Маркл и Енгелсон се запознале во 2004 година и се забавувале 6 години, пред да стапат во брак. Венчањето траело 4 дена. Еден од инсајдерите изјавил дека нејзината улога во серијата “Suits” е виновник за разводот.

По разводот на нејзините родители, Меган останала да живее со својата мајка.

Најнови вести