недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Киану Ривс се жени, папараците го фатиле како купува прстен

ФОТО: Киану Ривс се жени, папараците го фатиле како купува прстен

Познатиот актер Киану Ривс е четири години во љубовна врска со Александра Грант, а неговите обожаватели веќе подолго време се прашуваат кога нивната љубов ќе ја подигнат на повисоко ниво.

Имено, шпекулациите за можна веридба дополнително ги подгреа актерот откако беше фотографиран како купува прстен во една златара во Лос Анџелес, пишува Дејли Мејл.

Актерот дошол со мотор, облечен во црна јакна и фармери, а не успеал да им побегна на папараците.

Според пишувањата на медиумите, Ривс во златарата поминал околу 40 минути, а помош при изборот на прстенот му пружила продавачката.

Најнови вести