Популарниот актер со големо срце Кијану Ривс се чини децении немал сериозна врска или одлично ја криел од јавноста и папараците бидејќи никогаш не е виден со девојка на црвениот тепих во неговата 35 годишна кариера.
Но, тоа се промени викендов кога Ривс држејќи се за рака со деловната соработничка Александра Грант се појави на една гала презентација во Лос Анџелес.
Педесет и пет годишниот актер и 9 години помладата партнерка не ги криеја емоциите, а присутните можеа да ги забележат и вљубените погледи кои си ги упатуваа.